Салата со тарана
Тараната се вари во зовриена и солена вода во која има малку масло. Соодносот на тараната и водата 1-3.
Откако ќе се свари, се плакни со ладна вода и се цеди. Најдобро е преку ноќ, но покриена со најлонска фолија за да не се потсуши и сместена на ладно.
Корнишончињата се сецкаат и се цедат од течноста.
И саламата и кашкавалот се сецкаат на ситни коцки.
Сите состојки убаво се соединуваат, се става во кутија со капак и во фрижидер, да одлежи извесно време,за да се измешаат вкусовите и си поприми едно од друго, околу 2 часа, ако можи да чекате и на здравје!!!
*Густината на салатата ја регулирате со додавањето на павлаката, значи можи плус, можи минус малку...
Лиценца: Сите права се задржани