Да ве послужам со една убавина од мојата кујна. Салатите се во последно време најчесто спремани во мојот дом. Во салатата нема да додаваме многу масло затоа што маринираните ракчиња имаат доволно маснотија.

Подготовка:

1. Го дробиме спанаќот на покрупно. Додаваме листови од бадеми и сецкани коцки од авокадо.
Црвениот кромид може декоративно да се исецка на кругови, но тоа не е правило. Можете да го исецкате и на ситно.
2. Зачинете со свеж сок од лимон, сол и многу свежо мелен црн бибер. Промешајте и уживајте во преубавиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови