Испечати

Салата со свеж спанаќ и ракчиња

Салата со свеж спанаќ и ракчиња

Состојки

  • 250гр ракчиња во маринада
  • 1рака свеж спанаќ
  • 100 гр листови од бадеми
  • 1 авокадо
  • 1главица црвен кромид
  • 1/2лажиче сол и многу црн бибер
  • 2лажици маслиново масло
  • 1 лимон

Подготовка

Да ве послужам со една убавина од мојата кујна. Салатите се во последно време најчесто спремани во мојот дом. Во салатата нема да додаваме многу масло затоа што маринираните ракчиња имаат доволно маснотија.

Подготовка:

1. Го дробиме спанаќот на покрупно. Додаваме листови од бадеми и сецкани коцки од авокадо.
Црвениот кромид може декоративно да се исецка на кругови, но тоа не е правило. Можете да го исецкате и на ситно.
2. Зачинете со свеж сок од лимон, сол и многу свежо мелен црн бибер. Промешајте и уживајте во преубавиот вкус.