Салатава е многу вкусна и декоративна

1. Прво го вариме компирот кој е исецкан на мали коцки. Го процедуваме и оставаме да се излади. Го сецкаме на ситно празот, го посолуваме и промешуваме. Сусамот го тостираме на тивок оган.

2. Сега земаме обрач. Го поставуваме на тајнир. Главицата цвекло ја рендаме на крупната страна на рендето. Додаваме сол, некоја капка балсамико оцет и некоја капка маслиново масло. Вака подготвено го ставаме во калапот.

3. Во еден сад сега ги соединуваме компирот, празот, сусамот, мајонез, кисела павлака и бибер.
Убаво промешуваме и смесата ја нанесуваме врз цвеклото. Израмнуваме, наросуваме буковец и салатата ја оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите.

Јас ја сервирав со свежи, пржени сплинки.
Одлично се вклопија...
Заливме со црвено вино

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани