24
мар
2021
Салата со морков и јаболка
Едноставна, здрава и вкусна салата.
1. Измиените и исчистени моркови ги рендаме на крупната страна од рендето. Истото го правиме и со јаболката. Сокот од лимон го нанесуваме веднаш врз морковите и јаболките.
2. Ротквиците измиени ги сечеме на парчиња и ги додаваме кон салатата. Го додаваме и ситно исеченото младо лукче. Посолуваме, додаваме маслинов зејтин и служиме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови