- Чадената сланина исечете на тенки мали парчиња, испржете ја до крцкавост.
- Тиквата пресечета ја на половина, исчистете семките, посипете сосема малку врз неа масло, ставете во тава, додадете ги и јаболката и морковот и ставете во рерна да се печат околу 30 мин. на 180 степени или додека тиквата не биде потполно печена. Тиквата можете да ја исечете и на помали парчиња.
- Печена тиквата исечете ја на помали коцки како и јаболката и морковот.
- На маслиново масло пржете го кромидот сосема кратко време, потоа додадете ги тиквата, јаболката и морковот, зачинете, пробркајте, налијте со врелата вода или со бујонот, нека се вари сето тоа заедно околу 10 мин. Со стапен миксер или блендер потполно измиксајте за да стане кремаста.
- Пред сервирањето додадете трошки од испржената сланина, перцата од младиот кромид и тостирани толчени семки од тиква, бибер.
Напомена
Зачинете или дозачинете со зачинки кои на вас ви се допаѓаат.
- За да го скратам времето на печење најчесто ја сечам тиквата на ситни коцки исто така јаболката и морковот-навистина пократок процесот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани