Испечати

Салата со морков и јаболка

Салата со морков и јаболка

Состојки

  • Состојки
  • 300 гр моркови (4 моркови)
  • 200 гр кисели јаболки (2 јаболки)
  • 5 ротквици
  • 2 млади лукчиња
  • 1 лимон (сокот)
  • Сол и маслинов зејтин

Подготовка

Едноставна, здрава и вкусна салата.
1. Измиените и исчистени моркови ги рендаме на крупната страна од рендето. Истото го правиме и со јаболката. Сокот од лимон го нанесуваме веднаш врз морковите и јаболките.
2. Ротквиците измиени ги сечеме на парчиња и ги додаваме кон салатата. Го додаваме и ситно исеченото младо лукче. Посолуваме, додаваме маслинов зејтин и служиме.