
Салата со макарони, пченка и пиперка
Една од многуте салати со макарони.
Макароните се варат во зовриена и посолена вода. Се плакнат со ладна вода и се цедат.
Пченката исто се цеди од течноста.
Останатите состојки ситно се сецкаат. Исто и краставицата се цеди од течноста што ќе ја пушти, завиткана во памучна крпа, па се додава во макароните.
Павлаката и мајонезот се мешаат, се забиберуваат.
Во садот со макарони се додаваат сите состојки, се посолува, па се додава павлаката со мајонезот.Убаво се промешува и се остава во фрижидер да одстои некое време за да си попримат вкусовите еден од друг.
Сервирајте по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани