Салата со макарони, пченка и пиперка
Состојки
- 250гр. ситни макарони
- 250гр. кашкавал
- 250гр. шункова салама
- 250гр. варена пченка
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 1 со средна големина краставица
- 200гр. кисела павлака
- 100мл. мајонез
- по вкус сол
- по вкус мелен црн пипер
- *По потреба можи да додадете павлака или некој зачин кој си го користите и ви оди во овој состав...Свежата краставица можи да се замени со 3-4 кисели краставички...
Подготовка
Една од многуте салати со макарони.
Макароните се варат во зовриена и посолена вода. Се плакнат со ладна вода и се цедат.
Пченката исто се цеди од течноста.
Останатите состојки ситно се сецкаат. Исто и краставицата се цеди од течноста што ќе ја пушти, завиткана во памучна крпа, па се додава во макароните.
Павлаката и мајонезот се мешаат, се забиберуваат.
Во садот со макарони се додаваат сите состојки, се посолува, па се додава павлаката со мајонезот.Убаво се промешува и се остава во фрижидер да одстои некое време за да си попримат вкусовите еден од друг.
Сервирајте по ваша желба.