Сварете ги макароните, па исплакнете ги со ладна вода и оставете да се исцедат.
Краставичките и саламата исецкајте ги на ситни коцкички, а оревите ставете ги во најлонска ќеса за замрзнување и со чукот истолчете ги.
Во поголем сад ставете ги процедените макарони, саламата, краставичките, толчените ореви, нарендајте го на крупната страна на рендето сирењето, промешајте и додадете ги на крај мајонезот и павлаката. Внимателно измешајте се убаво и по потреба посолете.
Салатата сервирајте ја во длабоки чинивчиња и служете ја пред гости или во домашна атмосфера за појадок/вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани