28
авг
2013
Салата од брокула
Еве еден здрав рецепт за салата која можете да ја комбинирате со секаков вид на месо. Комбинацијата на брокула и кари е прекрасна.
Во поголемо тенџере зовривате вода со 1 лажичка сол, откако ќе зоврие ја додавате брокулата разделена на цветови и обарувате само 5-6 мин.
Брокулата ја вадите од водата со решетка оставате да се излади и додавате масло, оцет, лукчето истегано со алатка или ситно сецкано и зачин кари по желба. (јас ставам повеќе овој зачин да доминира).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А инаку супер изгледа вака на слика :)