Салата од брокула
Состојки
- 1 брокула ( средна димензија)
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- малку маслиново масло
- малку оцет (јаболков или вински)
- по желба кари
Подготовка
Еве еден здрав рецепт за салата која можете да ја комбинирате со секаков вид на месо. Комбинацијата на брокула и кари е прекрасна.
Во поголемо тенџере зовривате вода со 1 лажичка сол, откако ќе зоврие ја додавате брокулата разделена на цветови и обарувате само 5-6 мин.
Брокулата ја вадите од водата со решетка оставате да се излади и додавате масло, оцет, лукчето истегано со алатка или ситно сецкано и зачин кари по желба. (јас ставам повеќе овој зачин да доминира).