9
јан
2016
Рум штангли со компир
Компирите се варат и се пасираат. Во топлите компири се додава 150 гр чоколадо и 150 гр маргарин, за да се стопат.
Се додаваат мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и румот и се замесува.
Се формира колачот во правоаголна форма и се сечат штанглите. Мене ми излегоа 45. Може да се формираат и во правоаголни калапи.
Од преостанатиот маргарин и чоколадо, се прави глазура.
Одозгора се прелеваат со глазура.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови