1. Во сад се ставаат путерот и брашното и се соединуваат со рака.Треба тестото да е ронливо.Се додаваат и останатите состојки и се замесува тестото.
2. Тестото се дели на 4 еднакви дела
3. Се расукуваат кори колку што е голема тавата (кај мене 30х20) јас ги расукувам директно на опачината на тавата и така се ставаат да се печат во загреана рерна на 180 Ц.негде околу 2-3 мин.додека почнат малку да црвенеат.
4. Кога ќе се испечат сите кори се оставаат на страна и се подготвува филот.
5. Фил* Шекерот се става во тенџере на тивко да се стопи (да се карамелизира) и тогаш се тргнува на страна и се додава пола од млекото (200 мл.)и се продолжува да се вари на тивко.Во преостанатото млеко се ставаат 4 лажици брашно убаво се измешува и се додаваат полека во шеќерот.Се вари крем со постојано мешање со жица и кога ќе зусне се трга на страна.Во оладено се става рум по желба.
6. Со овој фил се филува секоја кора посебно само врз последната се става од чоколадната глазура.
7. Чоколадна глазура* На пареа се ставаат путерот,шеќерот во прав и жолчките и со постојано матење со миксер се вари кремот додека не се згусне.Се трга на страна и внатре се додава претходно стопено чоколадо на пареа.Целата смеса се изматува убаво и се филува питата.

.................Рецептот вчера го најдов во еден стар Хрватски готвач,а бидејки многу сакам рум во колачи морав да го испробам.......Пробајте и вие и уживајтеЧ)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови