Кремаст и сочен колач.
Прво со миксер ги матиме јајцата со шеќерот во пенаста маса. Кон ова ги додаваме брашното, оревите и пецивото и мешаме со дрвена лажица. Пандишпанот го печеме 20 минути на 180 степени. Со чепкалка пробуваме дали е готов. Го оставаме да олади.
За подготовка на филот прво ја матиме слатката павлака. Посебно го матиме маргаринот со шеќерот во прав .Ја додаваме и алвата во маргаринот и продолжуваме да матиме. Потоа лажица по лажица ова го додаваме кон слатката павлака.
Врз оладениот пандишпан го нанесуваме филот и украсуваме по желба.