Роти прата (сингапурски леб)
Овај е несекојдневен рецепт за наше поднебје, ама затоа е подготвуван во Сингапур.
Нивни традиционален рецепт за леб, а верзијата со полнеж од сирење е најпопуларна
Добар е да се конзумира самостојно, но многу му прилегаат и сосови со кари.
Се замесува тестото само од брашно, сол, вода, добро да се измеси околу 5 мин. Се остава да отстои прекриен со фолија за свежо 1 саат, после се дели на 3 делови. Може и на 4 или само на 2 зависи колкава дебелина на самото лепче сакаме да се добиеме.
Од секоја топка се влечи кора на најтенко можно, секоја се прска со стопен путер(маргарин) се прска и со матено јајце, се става од сирењето.
Сега доаѓа редот на виткање, може во вид на плочки т.е. како плик или се рола, па се врти како полжав. Секое парче се пржи на малку масло во сад со нелеплива површина по некоја минутка од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Елиза фала за рецептот и од мене и од домашните :)
Eve i jas si gi napraviv, preubavi, ova definitivno ke se podgotvuva pocesto...fala ti eliza za receptot :)