Еве уште еден предлог за едноставен но многу вкусен ручек, морам да кажам дека ролатчињата се преубава декорација и за некоја прослава.

Подготовка
Од кило добиваме пет шницли кои малку ги чукаме за да формираме убави ролати. Секоја шницла ја посолуваме со мешан зачин, буковец и оригано, потоа ставаме кашкавал и по малку печурки. Шницлата ја ролуваме ја ставаме во фолија и ги редиме во пекач, полеваме до половина на шницлите со вода, затвараме и печеме половина час на 220степени.

Подготовка на бешамел сос
Путерот го загреваме и го додаваме брашното малку пропржуваме и постепено го сипуваме млекото, сосот го зачинуваме по желба.
Сите шницли ги вадиме од фолија повторно ги враќаме во пекачот, полеваме со бешамел и печеме уште половина час.
Сечете одкако ќе се изладат...послужете ги со свежа салата.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани