Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот од рерната обложете го со хартија за печење.
Белките одделете ги од жолчките. Белките изматете ги со прстофат сол во мек снег, пополека додавајте од шеќерот и изматете цврст снег од белки. Додавајте една по една жолчка. Потота просејте го брашното со пецивото и соедните ја смесата.
Сипете во плехот и ставете да се пече. Печете 15-20 мин. додека се испече.

Во длабок сад изматете го пенасто маргаринот со шеќерот и на крајот додајте ја стопената чоколада и рендана кора од портокал, соедините.

На хартија за печење или чиста крпа наросете 1 лажица прав шеќер низ целата површина. Откако се испекол пандишпанот префрлете го на хартијата/крпата. Отстранете ја хартијата и завиткајте ролат. Оставете да се олади.
Исфилувајте ја кората по целата површина и повторно завиткајте ролат внимателно стискајќи. Оставете го ролатот 30 мин. во фрижидер. Потоа сечете парчиња по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови