Подготовка:

1.Пандишпан: Во сад пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и ванилата. Со матење на помала брзина додајте го растопениот и оладен путер.Проматете кратко, да се соедини путерот, па додајте го просеаното брашно и пециво. Измешајте со жица за матење, во правец од доле према горе. Истурете ја смесата во округол калап(26цм), премачкан со масло и набрашнет. Печете на 180 степени, 20 минути.
Испечениот пандишпан оставете го убаво да се олади, па извадете го од калапот.

2. Крема: Во сад измешајте ги брашното, густинот, шеќерот и какаото. Додајте од млекото и растворете ги убаво да нема грутки. Останатото млеко ставете го да се загрее, па додајте ја разматената смеса.
Додајте го чоколадото и бадемите и мешајте постојано додека се згусти. Тргнете од оган и оставете да се олади.

3. Желе од портокал: Фолиите желатин ставете ги 7-10 минути во ладна вода да омекнат. Сокот од портокал загрејте го, но не да зоврие. Додајте го убаво исцедениот желатин и тргнете од оган.
Мешајте додека се раствори. Исипете ја смесата во калап . Оставете да се олади, на собна температура, па потоа во фрижидер додека убаво се стегне.

4. Во чинија за торта ставете го пандишпанот. Попрскајте го со малку цеден сок од портокал. Нанесете ја кремата. Одозгора ставете го желето. Јас на сликата ставив само дел од желето како декорација, но дозата е доволна за цела торта. На секое парче торта одозгора ставав и од желето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани