Сакав одма да ви презентирам и како може најбрзо и наједноставно да го искористите мараладот со сливи и чоколада што ви го презентирав.
Подготовка.
На почеток подготвуваме две здели и ги делиме жолчките од белките. Белките ги матиме додека не добиеме густа пена на крај ги додаваме четирите лажици шекер и повторно матиме. Жолчките ги матиме со преостанатите лажици шекер. Двете смеси ги соединуваме заедно со брашното но овој пат мешаме со шпатула. Во половина од смесата ставаме какао. Во плех голем колку рерната обложен со хартија ја сипуваме прво смесата со какао јас ја пуштав со лажица правев како пулици. Потоа ја сипувате или пополнувате со втората смеса. Печете на 200степени дваесетина минути. Ролатот премачкајте го со мармалад и замотајте.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани