Милиброд со сецкана чоколада и мармалад
Ако сакате повторно да го доживеете мирисот од детството и да создадете прекрасна, ароматична атмосфера во домот, вреди да го испробате овој рецепт.
Подготовка
Во сад ставете го брашното, направете дупка и во неа сипете ги квасецот, млакото млеко, шеќерот, солта, изматените јајца, изренданата кора од лимон,зејтинот.
За посипување на работната маса ќе ви требаат уште 100-тина грама брашно. Замесете мазно тесто, покријте го и оставете го да надојде. Премесете го заедно со сецканата чоколада и оставете го уште 30 минути во садот за да нарасне пак. Потоа растегнете го во долг правоаголна форма и премачкајте го со мармалад заролувајте убав ролат.
Потоа добро притиснете го тестото, ставете го подмачкана тепсија, премачкајте го со жолчка и ставете го да се пече на 200 °Ц, 30 до 35 минути. Печениот милиброд малку попрскајте го со ладна вода, завиткајте го во кујнска крпа и оставете го да се излади.
Лиценца: Сите права се задржани