28
апр
2014
Ролат со мак
Се зафака квасецот со малку млеко, шеќер и брашно.
Се додаваат и другите состојки, се меси тесто и се прават топчиња. Се оставаат 15 тина минути да стасаат.
Фил
Млекото, шеќерот и ванилата треба да зовријат и со нив да се попари макот.
Се дели на 4-5 дела тестото, се сучи кора, се става од филот се витка во ролат. Се остава да стаса повторно(10-15мин) се премачкува со една жолчка изматена со 2-3 лажици млеко и се става да се печи во загреана рерна на 200степени додека не порумени,околу 15-20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Еднаш направив, не помина добро кај нас и толку со рецептот. Но кога ќе видам , посакувам да каснам едно парченце :)