Ролат од пилешко бело месо
Вкусен и декоративен оброк. Пробајте
Подготовка:
1. Прво пилешкиот стек со помош на остар нож го отвораме, не го сечиме до крај. Врз него ставаме парче прозирна фолија и со чук го рашируваме. Го зачинуваме и премачкуваме со сенф. Со помош на фолијата го завиткуваме, покриваме и оставаме во фрижидер да се маринира 1,2 часа.
2. Потоа го отвораме. Редиме парчиња моцарела и изронет спанаќ. Виткаме во ролат. Врз фолија ги редиме едно до друго, лентите сланина, кои по малку се преклопуваат. Го поставуваме ролатот врз нив и заролуваме.
3. Вака подготвен го завиткуваме во фолија. Го ставаме во мал калап и со фолија го печиме околу 20 минути. Потоа внимателно со нож ја сечиме одозгора фолијата, го отвораме значи ролатот и печиме уште 15 минути да зарумени. Нека подизлади малку, па го сечиме на парчиња и сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala Betce
Prekrasen bese
Fala na komentarot