Ролат Емилија
Вкусен, месен ролат, кој го добил името по италијанскиот регион Емилија Ромања каде се прави највкусната мортадела.
1. Месото побарајте претходно да ви го исечат така да добиете една голема шницла. Исчукајте го убаво за да го истенчите. Додадете сол, бибер, зачини по вкус, премачкајте со малку масло, завиткајте го ролатот и оставете го да одмори околу 1/2 час.
2. Спанаќот исецкајте го ситно и кратко време пропржете го колку да излезе водата од него. Слободно по вкус може место спанаќ да ставите зелје, блитва или само зачински билки по вкус (магдонос, босилек)
3. Од јајцата и спанаќот испржете еден омлет кој ќе биде со големина на шницлата. Ако немате толкава тава, како мене, испечете си два помали.
4. Сега наредете го ролатот. Врз шницлата се ставаат парчињата мортадела, а врз неа омлетот.
5. Ролатот се витка внимателно и се врзува со кујнски конец. Кратко се запржува во тава на маслиново масло, колку да се затворат порите на месото и да биде посочно.
6. Се префрла во тава за печење и се пече покриено со фолија на 250 па на 150Ц околу 1,5-2ч.
7. После печењето задолжително оставете го да се олади пред да го сечете.
8. Палентата како прилог одлично оди со овој ролат (кај мене подготвена со вода, млеко, путер и пармезан)
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови