4
фев
2013
Чоколаден ролат со ореви
Се матат белките со шеќерот. Посебно жолчките изматени се додаваат во садот со белките. Потоа се додаваат брашното и оревите, изрендана кора од лимон.
Сместа се пече во плех, обложен со хартија.
За филот.
Маргаринот се мати со шеќер во прав, а жолчките посебно се матат, подоцна се соединуваат.
Оревите се попаруваат со врелото млеко , се ладат и се додаваат во претходната смеса. Се мати шлагот и се додава во смесата со ореви. Се меша додека не се соедини.
Кората се филува и се потура со чоколадо и мелени ореви .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови