Најпрво корите се делат на еднакви делови за секој дел по 3 кори, оние што јас ги земам има по 16 кори значи на 8 дела по 3 кори.
Се зема првата кора се попрскува со масло(најдобро да се премачка со четка), се става втората и таа се попрскува се става и третата (не се премачкува со масло).
Се става од филот на еден крај од кората. Постапката се повторува со останатите кори.

Корите се ставаат на намрсено плехче се сечат по желба. Исечените кори се прелеваат со стопен маргарин(потрудете се убаво да влезе во исечените делови-најдобро со лажица). Се става да се пече на 200 степени во загреана рерна 15 минути, потоа на 150 степени додека убаво да зацрви. Кога е печена се вади и се остава потполно да се олади.

Водата и шеќерот со ванилиниот шеќер се става да зоврие на јак оган. Откако ќе зоврие се трга и се става лимоно исечен на тркалца, се преварува на среден оган и се полева врз баклавата поолека да влезе насекаде. Се остава на собна температура да преноќи.

Најдобро е да ја правите 1-2 дена порано за да може убаво го впие шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови