Навистина урнебес.
Пиперките испечете ги, излупете ги, и исечете ги ситно заедно со лукот.
Во сад здробете го сирењето или можете да го изрендате, додајте ги пиперките, лукот и буковецот.
Сето тоа добро измешајте.

Послужете веднаш!

По желба доколку сте љубители на луто, додајте и лути пиперчиња и лут буковец

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови