Урнебес салата со печени толчени пиперки
Состојки
- 3 црвени пиперки
- 2 чешнина лук
- 200гр овчо сирење
- 2 лажици буковец (лут или благ)
Подготовка
Навистина урнебес.
Пиперките испечете ги, излупете ги, и исечете ги ситно заедно со лукот.
Во сад здробете го сирењето или можете да го изрендате, додајте ги пиперките, лукот и буковецот.
Сето тоа добро измешајте.
Послужете веднаш!
По желба доколку сте љубители на луто, додајте и лути пиперчиња и лут буковец