Рози од тиквичка со рагу сос
Тиквичката изрендајте ја на листови, посолете малку и оставете ја да отстои.
Во меѓувреме подгответе го сосот така што во тава на оган ставете масло, додајте го сецканиот кромид,лукот и ситно изренданиот морков и пропржете. Откако ќе пропржете додајте го месото и пропржете додека месото ја промени бојата. Потоа додајте го доматниот сос, наросете мелен црн бибер, посолете и оставете да се динста. Сосема на крај додајте го пармезанот.
Откако тиквичките ќе отстојат исцедете ги убаво од водата што ја пуштиле.
Во длабок сад додајте го пивото и брашно по потреба, да се добие смеса малку погуста од онаа за палачинки. Посолете и додајте ги внатре листовите тиквичка.
Со лажица земајте од смесата и ставете во загреано масло да се пржи. Испржените розички извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги топли со рагу сосот.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Сепак, овој избор не може да не пројде без забелешка за фотографијата. Катерина, толку убаво приготвено јадење и декорација, а фотографијата е сосема несоодветна. Обиди се да фотографираш покрај извор на светлина (прозорец, столна ламба) каде што светлината ќе ти доаѓа од страна или од зад тебе. И фотографирај без блиц. Секако, малку поблиску до храната.
Имаш одлични рецепти, но нивната презентација не ги прикажува соодветно. Обиди се да сликнеш и неколку дополнителни фотографии.
Се надеваме дека ти помогнавме со овие совети.
Vi blagodaram uste ednas za sovetite i za RD.