Рози од тиквичка со рагу сос
Состојки
- Рози од тиквичка
- 1 тиквичка
- 300мл. пиво
- по потреба брашно
- по вкус сол, црн бибер
- Рагу сос
- 400гр. мешано мелено месо
- 250мл. доматен сос
- 1 морков
- 1главица кромид
- 1 чешне лук
- 2лажици пармезан
Подготовка
Тиквичката изрендајте ја на листови, посолете малку и оставете ја да отстои.
Во меѓувреме подгответе го сосот така што во тава на оган ставете масло, додајте го сецканиот кромид,лукот и ситно изренданиот морков и пропржете. Откако ќе пропржете додајте го месото и пропржете додека месото ја промени бојата. Потоа додајте го доматниот сос, наросете мелен црн бибер, посолете и оставете да се динста. Сосема на крај додајте го пармезанот.
Откако тиквичките ќе отстојат исцедете ги убаво од водата што ја пуштиле.
Во длабок сад додајте го пивото и брашно по потреба, да се добие смеса малку погуста од онаа за палачинки. Посолете и додајте ги внатре листовите тиквичка.
Со лажица земајте од смесата и ставете во загреано масло да се пржи. Испржените розички извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги топли со рагу сосот.
Добар апетит!