Рози - колач од тесто
Јаболкото се мие и се сече на тенки парченца.
Секое парченце се дели на половинки, се попрскуваат со исцеден лимон и се ставаат една минутка во микро да омекнат.
Од брашното, квасецот, маслото и топлата вода се замесува меко тесто.
Од тестото се развлекуваат две корички од кои се прават ленти.
Од секоја лента излегува по една ружичка.
На едната лентичка на горната страна наредете ги половинките јаболкца (како на сликите).
Под јаболкцата попрскајте една лента мед.
Завиткајте со половината тесто навнатре да се малку преклопи јаболкцето.
Ролајте го тестото.
Веќе имате една роза.
Намастете го калапот и редете ги розите во него.
Рерната нека биде вклучена на 200 степени, а откако ќе ги ставете розите намалете ја на 150 степени.
Печете триесетина минути.
Врз готовите рози наросете цимет.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Preubavi...
Crveni rozi za vas ..... madam... ))))