16
јан
2014
Ржана погача за Василица
Во некои краеви од Македонија, лепче со паричка се прави и за Василица. Овој пат решив тоа да биде едноставно, 'ржано лепче со семки и маслинки.
Најпрво квасецот се раствора во млакото млеко, во кое се додава шеќерот. Се остава да стаса.
Дел од брашното се сее во подлабок сад. Се додава млекото со квасецот, маслото, солта и се замесува тесто, со постепено додавање на брашното. При крај се додаваат семките и маслинките.
Се остава да стаса на топло. Се премесува и се става во подмачкана тава во која ќе се пече, повторно да стаса.
Се премачкува со омекнат маргарин и се става да пече на 180 степени околу половина час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови