Баклавата е по рецепт на моја драга пријателка. Омилена е во кругот на моето семејство и морам да напишам дека е посебно мека и сочна.
Подготовка
1. Почнуваме со мелење на афионот јас го мелам во машинка за кафе. Со машинката го мелеме и ленот, сувото гројзе ситно го сецкаме, додека чоколадата ја рендаме. Целата смеса ја мешаме со лажица.
2. Во сад за мешање ги кршиме јајцата и пенесто ги матиме заедно со трите лажици шеќер. Во нив ги додаваме јогуртот, зејтинот, пецивото и ванилата. Промешуваме со шпатула со овој фил ги премачкуваме сите кори.
3. Премачканото тавче го подготвуваме за редење на корите. Јас користам тавче со големина на рерна или со големина на целата кора. Морам да напоменам дека корите не се премачкуваат со зејтин, доволен е оној кој го ставивме во течниот фил. Ја ставаме првата кора сипуваме околу пет лажици од смесата со јајца убаво ја распоредуваме. Посолуваме од сувата смеса и тоа го повторуваме се додека не ги потрошиме филовите и корите. На крај ја сечеме баклавата во ширина пет, а во должина шест коцки со тоа добиваме триесет парчиња. Баклавата ја печеме на 180степени половина час вадиме и ја оставаме да се излади.
4. Шеќерот, ванилиниот шеќер и водата ги ставаме во касерола да зовриат. Од почетокот на зовривањето точно мериме пет минути и го тргаме на страна. Доколку сакате може да ставите сецкан лимон. Со жешкиот шербет ја попаруваме баклавата и ја оставаме да се излади.
Забелешка
Доколку ви остане од течниот фил слободно сипете го на крајот цел врз баклавата. Баклавата исечете ја повторно откако ќе ја испечете полесно се вадат парчињата. Шербетот нека биде жежок кога ја попарувате кората и немојте да го варите повеќе од пет минути.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани