Рaванија
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, па се додава врелата вода, на крај помешани брашното, гризот и пецивото.
По желба може кора од лимон и малку какао.
Се излева во намрсено и побрашнето плехче 32 на 20 цм..
Се печи 20-25 мин. на 180 степени, во претходно загреана рерна.
Ладна се сечи и се полева со топол шербет.
За шербетот-штом зовријат состојките за шербетот се продолжува со варење уште 5 мин. на умерен оган.
Ја украсив со матена слатка павлака и мелени лешници.
На здравје! -)
Лиценца: Сите права се задржани