Пред многу години со моите ќерки го гледавме Филмот,, Рататули,, и бевме воодушевени од малото интересно глувче и тајните во готвењето на специјалитето ,,Рататули,,. После тоа побараат да им го зготвам тоа јадење и со малку вложен труд го пронајдов рецептот и направив Рататулии. Од тој ден па досега доста често на нашата трпеза е присутно Рататулито особено во летниот период кога пазарот изобилува од зеленчук во сите бои и вкусови. Ви препорачувам да го гледате филмот заедно со вашите деца и сигурно ќе им се допадне, а можеби и ќе ви побараат да им го зготвите ова јадење, барем ќе јадат здраво.

1. Во тава со малсиново масло се запржува кромидот и се додаваат доматите од конзерва, шеќерот и водата и кога течноста ќе се намали се додаваат останатите зачини наведени во сосот од домати.
2. Зеленчукот убаво се мие и не се лупи само се сечи на кругови ( плошки) со дебелина од 1 см.
3. На дното на тавата во која што ќе печите се прелива доматниот сос и рамномерно се распоредува по целата тава.
4. Над сосот се реди зеленчукот исправен најпрво црниот патлиџан, па пиперката, тиквето, кромидот доматот и се повторува по истиот редосле се додека не се донареди преостанатиот зеленчук
5. Најгоре се прелива со масло и зачините и се ставаат гранчиња од магдонос и мајчина душица
6. Се печи во тава 45 минути на 180 степени покриена со капак и уште 15 минути на 220 степени без капак
8. Се сервира од секој вид на зеленчук по едно парче наредено едно над друго. Одлично е и како прилог со парче месо

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови