Рабарбер колач
Ова по рецепт од Благица Анастасовска на која сум и крајно благодарна што ми овозможи да се запознаам со вкусот на овој киселкасто освежителен колач за овие топли денови.
- Најпрво спремете ги стеблата од рабарберот, исецкајте ги на парчиња во големина од 2 см. и оставете настрана.
- Во садот со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете го на собна температура омекнатиот маргарин или стопен па оладен, измешајте да се спојат, додадете го брашното во кое сте го измешале пецивото, измешајте да добиете хомогена смеса и сега додадете ја исечената рабарба, измешајте и истурете ја смесата во модла бр.28 или 30, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 170 степени околу 50 мин.
- Печен колачот оставете да се олади, извадете од модлата, посипете со прав шеќер, послужете.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Сите права се задржани
Одлично нешто