Путерки
Од низата на старински рецепти, редот пристигна на нив. Меко слатко тесто завиено во кифлички. Од количината млеко за месење се одделува 200гр. нека се зафатат квасеците со него, млако млеко малку шеќер и 2-3 лажици брашно, нека се активира.
За тоа време се просејува брашно, се става јајца, шеќер, масло и активниот квасец. Месиме тесто со долевање на млеко. Тестото е меко, убаво нека се измеси 5 минутки, се остава нека одмори 15 минути, а во меѓувреме маргаринот и путерот се бијат заедно, претходно отстојани на собна температура.
Се дели тестото на 2 дела. Од секој дел се откинуваат по 10 топчиња, од секое се формира топка, се расукува со сукалка на набрашнета површина, се премачкува со миксираниот маргарин-путер, се редат едно над друго сите десет од едната половина на тестото - најгоре непремачкана последната кора. Постапката е иста и со вториот дел од тестото, се дели на 10 ...итн.
Сега од првата реденка од 10 кори се сука голема кора на набрашнета површина, се сечат по 12 парчиња, како за кифлички, се става на секое по 1 мало лажиче мармалад по избор и се виткаат кифли.
Втората кора е на ред за која се применува претходната практика како кај првата кора.
Нека отстојат барем 30 мин. пред печење во топла просторија, се печат на 200.
Додека се уште млаки се валкаат во ситен прав шеќер. Сладете се со 24 парчиња слатки кифли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови