1. Од сите состојки се замесува тестото и се остава да стаса.
2. Во меѓувреме се изработува путерот со жолчките и солта и се дели на три дела.
3. Стасаното тесто се премесува и пак се остава да стаса.
4. Откако повторно стасало се дели на три еднакви дела, се сука правоаголна кора во дебелина од 05-1 см. најмногу.
5. Со еден дел од филот се премачкува кората, се мота како ролат, се сече на 8 еднакви парчиња. Исто се прави и со останатите два дела. добивате 24 парчиња.
Се редат во плекче и да лежат на пресекот...се остава да стаса.
6. Се пече во предходно загреана рерна на 200 степена,
Забелешка
Оваа погача не се премачкува одозгора со ништо. Филот од путерот ќе ја заврши целата работа и околу декорацијата.
Погачата е доста едноставан, а кој користи путер - веке ја знае приказната за вкусот.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани