Путер погача
Многу декоративна, мека како душа и вкусна погача.
Најпрво во малку млако млеко ставете пола од шеќерот, 1 лажиче брашно и квасецот да втаса.
Потоа во вангличката додадете ги течните состојки, промешајте и постепено се додава брашното.
Се замесува средно меко тесто.
Подобро е да биде тестото понамеко.
Се остава да кисни 10 минутуи.
Потоа се дели на 10 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка.
Секоја коричка се премачкува со путер и се редат една врз друга.
Најгорнатат кора не се премачкува.
Сега од така наредените кори се сучи голема кора со дебелина од 3-5 мм.
Се сечи прво по должина за да се извади една лента широка 2 цм од која ќе си направите форми- цветчиња за во средината.
Другиот дел се сечи на триаголници.
Од секој триаголник се витка кифла, но како што е прикажано на сликата, за да се добие форма на корнет.
Се редат во делимано тава округла за печење, се премачкув со јајце, се соли сусам, кисни 15 минути и се печи околу 30 минути на 180 степени, во зависност од рерната.
Пријатен апетит
Лиценца: Сите права се задржани
Mn ubava i kaj tebe antika
Fala na doverbata
Pozz