Пури - штрудли со јаболка и овесни трици
Триаголните кори се лесни за употреба, така да за овие штрудли не треба многу време и напор.
До толку се добри што морам набрзо да ги опипам сите варијанти со нив, па така еве и една блага и многу вкусна.
Излупете ги и изрендајте ги јаболката и во нив вденаш додадете ги сите состојки и убаво измешајте.
Варијации можи да има пред се во шеќерот, во зависност колку благи ги сакате и колку се кисели јаболката. Сепак, имајте во предвид дека на крај се поросуваат со шеќер во прав и тоа е додатна блажина на истите.
Варијации за лажица плус минус исто така можи да има и во сувите состојки кои се додаваат на лажица во зависност од сочноста на јаболката. Во мојот случај ги оставив на гризот, но секако можи да варирате со било која од состојките.
Се зема по една кора, се премачкува со четче од мешавината газирана вода и масло, на почетокот се става од филот и се витка како кифличките.
Свитканите пури – штрудли се радат во плех и се печат во загреана рена на 200С додека поруменат.
Додека се топли, веднаш, се поросуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани