Пудинг торта
Јајцата ги матиме со шеќерот додека не добиеме густа смеса.
Брашното го помешуваме со пецивото и постепено ги додаваме во јајцата.
Исклучуваме миксерот и додаваме мелени ореви.
Печеме во загреана рерна.
Откако е печено го вадиме од рерна,оставаме да излади и сечеме на два дела.
Филуваме со следниот фил
Го вариме млекото со 100 гр шеќер.
Од млекото вадиме малку, колку да го разматиме пудингот.
Го тргаме врелото млеко од оган и додаваме од разматениот пудинг.
Мешаме да добиеме посакувана густина.
Откако ќе биде изладен пудингот се помешува со претходно измиксиран путер со прав шеќер.
Пред да филувате, пандишпанот попрскајте го со свежо цеден сок од портокал.
Премачкајте благо со тенок слој и врз тортата, а потоа покријте ја со развлечена кора од локум и шеќер во прав.
Бојата ја оставам на ваша желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови