Пудинг од тиква со мандарини
Подготовка
1. Исцедете ги мандарините, а од едната изрендајте ја и кората.
2. Измешајте го млекото шеќерот и нишестето и сварете крем. Тргнете од ринглата и додајте ја пасираната тиква, прст сол и прст цимет, ако сакате и на крај сокот и кората од мандарините.
Кога се ќе се соедини, вратете на рингла и мешајте додека не проврие.
3. Пудингот распоредете го во мали чаши, оставете да олади прво, на собна температура, па потоа еден час во фрижидер пред да го послужите.
4. Јас решив да го сервирам со инстант пудинг од чоколадо, подготвен спрема неговото упатство. Дојде одлична комбинација! И самиот пудинг од тиква и мандарини, многу вкусно и пријатно нè изненади сите. Топло Ви го препорачувам да го направите.
5. Одозгора украсете со коцки печена тиква. Мојата беше варена, но со помош на дехидраторот на Делимано си направив совршени потсушени коцки за украс. Секако, можи и мандарини. мелен орев, цимет и т.н.
Една забелешка - Мене ми требаше да додадам уште една лажица од нишестето. Мандарини имав од големите, па можеби се собра повеќе сок, а и тиквата беше варена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови