Многу вкусен и интересен пудинг со овошен вкус кој го нема да се купи, а одлично може да послужи и за фил во торта.

1. Мандарините се блендираат во блендер или соковник (за 400 мл. сок треба околу 7-8 поголеми мандарини), и зависно од тоа во што ги процесирате, ако има пулпа сокот се процедува и се става во тенџерче.
2. Шеќерот, густинот и дел од сокот од мандарини со жица се мешаат како за пудинг, се додава жолчката и таа се меша во смесата.
3. Останатиот поголем дел од сокот се загрева и пред да биде многу жежок постепено се додава смесата со густинот, шеќерот и жолчката, постојано мешајќи со жицата. Се меша додека да згусни како пудинг, се трга настрана и се додава белото чоколадо мешајќи додека да се стопи.
4. Пудингот се става во чаши, по желба на средина се става исечкана мандарина и се дополнува со пудингот, се декорира со кришки мандарина (или шлаг од белката, чоколадо и друго по вкус). Се лади и се јади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани