1.Тесто за профитеролот
Во сад се ставаат шест филџани со вода и три филџани масло да провријат. Се тргаат од оганот и им се додава шест филџани просеано брашно и едно пециво.
2.Се остава настрана да се излади и му се додава едно по едно од шесте јајца. Во премачкан плех со масло се ставаат со малечко лажиче профитеролите-еклерчињата. Рерната се загрева на 250 степени и се ставаат да се печат. Температурата се намалува на 200 степени. Рерната никако не треба да се отвара. Се печат 20 или 30 минути сето тоа во зависност од шпоретот. Потоа се вадат и се оставаат да се изладат. Од оваа доза излегуваат два или три плехови сето тоа во зависност од колкави се филџаните, пожелно е да се тоа мали филџани за кафе.
3. Фил за профитеролите
Во половина литар млеко се додаваат четири лажици брашно, три лажици нишесте и осумте лажици шеќер во прав. Се промешуваат кратко со миксер. Се вари на пареа се додека се згусне. Се остава да се излади. Кога е веќе ладен се соединува со претходно изматениот маргарин.
4. Се пресекуваат на половина профитеролите и се полнат со филот. Се редат на поголема тацна или чинија.
5.Фил од чоколадо
Од 750 мл. млеко се остава дел во кој ќе се додадат пет лажици нишесте и се промешуваат. Останатото млеко се вари на пареа и му се додава 125 гр.шеќер. Кога е убаво зовриено млекото, му се додава млекото и нишестето кои се убаво изматени. Се вари на тивок оган се додека се згусне. На крај му се додава 400 грама чоколадо за готвење и тоа да се растопи.
6.Во стаклен сад (подлабок) се истура за почеток од филот кој содржи чоколадо. Потоа се редат едно до друго наполнетите профитероли. Врз нив се става повторно од филот со чоколадо па повтрорно се редат профитеролите. Се така додека се потрошат и врз нив им се става повторно од филот со чоколадо.
7. Садот со профитеролите се става во фрижидер за да се изладат.
8. Со лажица се зема од профитеролот и се става во соодветни садови одделно.
Добар апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови