Пролетни ролнички (chūnjuǎn)
Вкусни ролнички од азиската кујна. Има различни рецепти за овие ролнички во зависност од тоа во кој регион се подготвуваат. Може да се подготват со фил од мелено месо, но мене овие со зеленчук ми се најомилени.
Кромидот исечкајте го на тенки кругчиња а морковите на тенки лентички. Никулците од соја убаво исцедете ги.
Оризовите нудли ставети го во врела вода да отстојат 3 минути. Извадете ги и исцедете.
Во вок тава ставете малку зејтин и пржете го зеленчукот и никулците на висока температура. Додадете ги зачините па потоа и нудлите. Ставете го соја сосот и убаво промешајте. Филот за полнењето е готов.
Земајте по две од оризовите кори, потопете ги на 10 сек. во ладна вода и ставете ги на влажна крпа. Ставајте по 2 лажици од филот па краевите од кората премачкајте ги со изматеното јајце. Завиткајте ги страните навнатре и замотајте во ролатче.
Пржете ги во врел зејтин околу 2-3 минути и ставете ги потоа на кујнска хартија за да се впие вишокот на маснотија.
Послужете ги топли со слатко-кисел чили сос.
Совет- за поубаво да ви се пржат ролничките, т.е. за да не се отвораат при пржењето, ставете ги во замрзнувач да отстојат 2 часа пред да ги пржите. Потоа, кога ќе ги ставате да се пржат, ставете ги во зејтинот најпрво со долната страна, односно со страната каде кората завршува, па потоа превртувајте ги.
Лиценца: Сите права се задржани
Одлично си ги подготвила :)
Јас би прашала и дали и каде може да се најдат оризови кори кај нас?
Fala ti :)