Прокељот обарете го малку.
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи. Печурките исечете на пола, додајте ги кај кромидот и пржете заедно. Додајте го обарениот прокељ и пропржите околу 10 минути.
На крај посолете, додајте црн пипер и сув зеленчук. Лукчето изрендајте го.
Послужете во чинија одозгора наросете мелени ореви, ставете неколку парчиња ореви за украс. Прелијте со лимонов сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани