Ставете ја водата и маслото да зовријат и потоа додај те го брашното и брзо мешајте додека се соедини во топка. Уште малку пропржете го тестото мешајќи и тргнете го од огнот. Кога ќе се излади, млако да биди, додајте ги јајцата, едно по едно, матејќи со миксер.
Рерната загрејте ја на 200 степени. на плех покриен со хартија, со помош на шприц, формирајте ги крофните. Ставете ги да се печат, притоа не ја отворајте рерната првите 20 минути. Потоа проверете ги и печете ги додека убаво не заруменат. Оставете ги да се изладат.

За кремот, ставете го млекото да зоврие, а претходно одвојте 100 мл и во него ставете ги жолчките и брашното и убаво разматете го. Шеќерот и ванилата ставете ги во млекото кое врие, а потоа и смесата со жолчки. Сварете го како крем и кога е готово, внатре ставете го путероти убаво измешајте. Нека се олади.
Павлаката изматете ја во шлаг.
Филувајте со шприц, еден ред од кремот, еден ред од шлагот. Одозгора наосете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани