Прилог и тоа не било каков - туку токму од пилешките желудници или популани “воденички“
 
- Добро се мијат и чиста од внатрешната ципа желудниците, а тоа секако знаете, се лупи многу лесно. Исечете ги на поситно.
- На зејтин ствете го ситно сецканиот кромид и кога ќе стане стаклен додадете ги желудниците. Динстајте ги во сопствениот сок се до останување на зејтинот. Додаете им повторно вода колку да се облијат и продолжете на тивко да ги динстате. Потребно е на тивко за да повеќе време се крчкаат. Ќе бидат готови кога потполно ќе омекнат. Доколку водата испарила, а желудниците сеуште неомекнати, подлијте повторно вода и нека крчкаат понатаму, како што кажав до нивно потполно омекнување, но да им остане течност. Доколку не останало сафт од нив повторно додадете вода и сега додајте ги ловорот, солта и сувиот зеленчук. Додадете го и доматното пире. Нека прокрчкаат заедно.
- Растворете го брашното или нишестето во вода во која сте ставиле и зејтинот, додадете кај желудниците и нека заедно се вари околу 5-10 мин.
- Кога ќе биде готово посипете со магданос.
- Доколку сакате можете да додадете и готварска павлака, но не е задолжително.
Овој прилог го служам со варени тестенини било кој вид или пире.

Забелешка
Морам овде да кажам едно нешто што сум го чула од предходниците мои, од баби, но никогш не сум го направила, имено за што се работи:
Ципата која се лупи од желудникот оставете настрана во чинија, нека стојат така, неверојатно бргу се сушат и велат дека кога добро исушени се смелат во машинка за кафе, од добиениот прав со малку вода да се даде кога се има цревни растројства било ефикасен лек, па дури има и таква информација дека лекувало и чир.
Јас ова попатно го кажувам, не можам да тврдам за полезноста од тоа затоа што не сум пробала, но можеби и некој друг знае за ова, па ќе каже овде нешто. Лекарствата или помагалата за намалување на болка се секаде околу нас, само треба да знаеме како да ги спремаме и употребуваме. Молам некој ако знае повеќе за погоре напишаното, нека се јави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани