Пржени питулици на мој начин
Во подлабок сад просејте го брашното и направете вдлабнатина на средина.
Истурете ја топлата вода и во неа додадете го шеќерот и издробениот квасец.
Промешајте додека квасецот не се растопи, па потоа додадете ги и останатите состојки.
Со жица убаво измешајте хомогено, многу меко тесто и оставете го на топло да се дуплира.
Во подлабок сад загрејте најмалку половина литар масло.
Со намастена лажица земајте од надигнатото тесто и пржете ги кратко време од двете страни додека не добијат убава златна боја.
Готовите питулици, одложете ги на хартиена салвета за да се упие вишокот мрснотија и служете ги со сирење или намакајте ги во шеќер во прав.
* Тука го применив советот на Алексовска. Во маслото при пржењето додадов 3-4 зрна грав за да не потемнува маслото додека се пржи. Многу успешно! Миленче ти благодарам! ***
Овие питулици беа моја импровизација за раѓањето на внукот, кој ни го подари самата Нова Година, наместо крофни, мекици, лангиди и сл. работи... радосната тетка сама импровизираше за да ги почасти пријателите во близина, соопштувајќи им ја радосната вест )))
Лиценца: Сите права се задржани
Begam, moram da rabotam :)
име за внукот или вие си го викате ВНУЧКО, па државава нека се снаоѓа кога ќе го запишувате во прво одд? :) :) :) :)
Многу убави питулициве :)
Дијанче, пробај ги штом си ги намерила, се надевам дека ќе ти се допаднат ;)
На сите ви го честитам денешниов празник и ви поакувам убаво расположение и богата Божиќна трпеза :)
Cestit Bozik!! :)
Среќни празници и тебе Мајушка! ***