Пржени лепчиња со млеко
Најдобро лебот да е стар ден два. Бидејќи ако е тазе ќе се рони.
Исечете го лебот на кришки дебели колку палецот.
Во сад ставете ги јајцата со солта,со вилушка или жица. Полека додајте го млекото.
На 1 јајце 50 мл. млеко .
Убаво матете ги со вилушката или жицата додека се соединат и смесата стане бледа жолта.
Загрејте масло. Секоја кришка од страните по малку макнувајте во смесата и ставајте во загеаното масло.
Вртете ги од двете страни додека малку поруменат. Испржете ги и останатите кришки леб.
Ставајте ги на хартија или салафетка за да се исцеди вишокот масло.
Служете ги со јогурт и сирење, како појадок или вечера.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
нешто скоро секојдневно-класика за сите ми се чини. еве една сликичка од мене, баш пред да ги видам рецептот ми излезе пред очи пробајќи да го средам хаосот во компјутеров:)